ФК Тетекс со поплака до ФФМ: Дали однапред сакате да испаднеме?

По денешното обраќање на јавноста од Слога Виница, на такво нешто се реши и второлигашотТетекс. „Штофарите“ незадоволни од арбитражата на последните две пресметки, преку својот фејсбук профил изнесоа прашања до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Управата на ФК Тетекс на својата фејсбук страница објави снимки од според нив, нерегуларности од страна на судиите, направени во последните два натпревари на нивниот тим во ВМФЛ. 

Тетовчани велат дека на последните два натпревари, главната улога на теренот ја имале судиите со нивните грешки и на тој начин му нанеле штета на нивниот тим. Управата на „штофарите“ прашува „дали ФФМ сака Тетекс да испадне без фер борба и до кога судиите ќе бидат во центарот на вниманието“. 

Екипата на Тетекс се наоѓа на претпоследното место на второлигашката табела и ја очекува голема борба за опстанок во ова друштво. Тие се жалат на судиските одлуки донесни во 18. и 19. коло од ВФМЛ.