Фернандеш: Најмногу разговарам со Ристовски, постојано си испраќаме пораки

Во текот на зимскиот период, Бруно Фернандеш се пресели во Манчестер Јунајтед. Играчот за врска важеше за еден од најдобрите пријатели на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во редовите на Спортинг.

При разделбата со португалскиот прволигаш, 25-годишникот покажа големи емоции, најмногу поради големите пријателства кои мораше да ги прекине. Сепак, контактот со нашиот интернационалец и натаму го одржува, иако сега настапува далеку од Лисабон.

„Разговарам најмногу со Ристовски, постојано си испраќаме пораки. Исто така одржувам контакт со Нето и Луис Максимиано. Пуштив доста солзи кога се разделив од нив во соблекувална. Потоа тие се беа видливи и на интервјуто кое го направив минути подоцна“, вели Фернандеш.

Ристовски и Фернандеш ја започнаа кариерата во Спортинг во иста година. Во сезоната 2017/18 и двајцата пристигнаа во ростерот на тимот и веднаш изградија пријателски однос, кој трае до денес.

Македонскиот репрезентативец набрзо стана незаменлив на десната бековска позиција, што му донесе доверба од управата, која подготвува нов договор како награда за неговите игри.