Фенер рутински во плеј-офот за ЛЕ, Словачко чека расплет од мечот во Скопје

Фенербахче рутински го одработи првиот меч на домашен терен, па немаше проблеми и на реваншот кај Словачко, каде одигра без победник (1-1). Тимот на Езџан Алиоски се пласира во плеј-офот за групната фаза во Лига Европа.

Двата гола на денешниот меч беа постигнати во второто полувреме. Дурсун донесе предност за турскиот гигант, а Сасинка донесе утеха и обезбеди реми за домашната екипа. Словачко сега чека расплет од дуелот меѓу Шкендија и АИК, од кој чека противник во плеј-офот за пласман во УЕФА Конференциската лига.

ХЈК Хелсинки преку Марибор исто така се најде во плеј-офот, каде ќе игра и Зирих кој го елиминира Линфилд.