Фановите слават: Семејството Глејзер го продава Манчестер Јунајтед

По веста дека Кристијано Роналдо не е повеќе член на Манчестер Јунајтед, клубот од „Олд Трафорд“ објави дека семејството Глејзер ја разгледува опцијата да го продаде сопственичкиот удел.

Ова е една од најдолгоочекуваните вести на Островот, затоа што по повеќе од една и пол деценија, ќе се одговори на желбите на навивачите на славниот клуб, кои од почетокот беа против нивниот сопственички удел, со жестоки протести, дури и бојкот на натпреварите на нивната сакана екипа.

Семејството Глејзер стана сопственик на Јунајтед во 2005 година. Две години пред тоа Глејзерси ги купија првите акции, а потоа станаа целосни сопственици на клубот од „Олд Трафорд“. Клубот е без титулата шампион на Англија од 2013 година, а последните трофеи ги освои во 2017 година. Во 2012 година, Глејзерс почнаа постепено да се повлекуваат од клубот, но сепак имаа речиси целосна контрола над овој тим. За тоа време долгот на Јунајтед порасна на околу 500 милиони фунти, а кога Глејзерси го презедоа клубот беше „на нула“. Семејството Глејзер го купи Јунајтед за 790 милиони фунти. Пред точно десет години продадоа 10% од акциите, а во следните години одреден процент.

Одлуката за продажба на клубот доаѓа по долгогодишниот протест на навивачите против нивната сопственост. Во соопштението се наведува дека одборот „ќе ги разгледа сите стратешки алтернативи, вклучувајќи нови инвестиции во клубот, продажба или други трансакции во кои е вклучена компанијата“.