ВИДЕО: Евертон прими гол, па за шест минути постигна ТРИ и го совлада Барнли

Екипата на Евертон, идентично како и минатата сезона, одлично го отвори англискиот шампионат, откако вечерва за само шест минути постигна три гола во мрежата на Барнли и ја запиша третата победа, по четири одиграни кола во Премиер лигата (едно реми).

  • Извештај од натпреварот:

„Карамелите“ на искусниот Рафа Бенитез повторно започнаа без незадоволниот Хамес Родригез, кој поради болест не беше во протоколот на овој дуел, но затоа ги имаа расположените Таунзенд и Дукуре, кои заедно запишаа три асистенции и еден гол.

Првиот дел на дуелот на „Гудисон Парк“ не навестуваше атрактивен фудбал и многу голови, затоа што двете екипи играа резервирано и без поголем ризик. Но, откако Ми на стартот од вториот дел го отвори резултатот и донесе водство за Барнли, домаќините како да се налутија и за само шест минути го решија прашањето на победникот на натпреварот.

На 1-1 во 60. минута израмни дефанзивецот Кин, па следуваше погодок на Таунзенд, додека Греј во 67. минута стави точка на натпреварот и ги постави конечните 3-1.

Состави

Rafael Benitez

4-4-2

    Sean Dyche

    4-4-2