„Ериксен на момент беше мртов, немам сомнеж околу тоа...“

Моментот кога Кристијан Ериксен падна на тревникот и колабира на дуелот со Финска го одбележа изминатото Европско Првенство.

За среќа, реакцијата на данските репрезентативци и докторскиот тим му го спасија животот на играчот за врска. По долга пауза мечот продолжи, а Финска успеа да го добие скандинавското дерби, кога резултатот беше ставен во втор план.

На овој стравичен момент се потсети Мартин Брајтвајт кој ја шокира јавноста со своите зборови.

„Во еден момент го погледнав Ериксен и тој беше мртов. Кога гледате мртво тело, не се сомневате. Веднаш знаете дека некој е мртов, тоа е јасно. Тоа е она што го видов. Почнав да се молам“, рече напаѓачот на Барселона.

Данецот моментално не смее да игра фудбал. Вграден му е дефиблиратор, апарат за помагање на работата на срцето, но се надева дека ќе може да направи кам-бек во блиска иднина.