Елон Маск ги „пецна“ навивачите и најави дека го купува Манчестер Јунајтед

Елон Маск

Познатиот американски бизнисмен Елон Маск си поигра со чувствата на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Преку својот Твитер профил тој напиша дека ќе го купи познатиот англиски клуб. Меѓутоа, многу брзо потоа ги демантира зборовите и рече дека се шегува.

На момент навивачите на „црвените ѓаволи“ помислија дека конечно ќе се ослободат од сегашните газди, семејството Глејзер.

Јунајтед моментално е во голема криза. И покрај неколкуте трансфери и промената на тренерската позиција, клубот ја започна сезоната со два порази и е последен на табелата во Премиер лигата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.