ВИДЕО: Елмас вторпат го „стресе“ Лестер и стана најдобар стрелец на Наполи во ЛЕ!

Екипата на Наполи го игра одлучувачкиот натпревар во групната фаза на Лигат Европа, во кој го дочека Лестер на „Диего Армандо Марадона“. Македонскиот „дијамант“ Ељиф Елмас има натпревар за паметење, бидејќи двапати успеа да го „стресе“ ривалот. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: На Елмас му оди во Лига Европа, погоди и во дербито со Лестер!

Откако во првиот дел Елмас погоди за 2-0, англиската екипа се врати во натпреварот и израмни. Сепак, во вториот дел во 53. минута фудбалерот за врска ја врати позитивата. По центаршут по земја на Ди Лоренцо, Елмас остана осамен на пеналтикот и ја прими топката, па лесно го матира Шмајхел. 

  • Вториот погодок на Елмас против Лестер: 

Со овој гол Елмас стана најдобар стрелец на Наполи во Лига Европа оваа сезона со четири гола на своето конто.

Состави

Лучијано Спалети

4-2-3-1

    Brendan Rodgers

    4-2-3-1