Елмас влезе во Топ 100, прескокна легенда по бројот на настапи за Наполи

Наполи Елмас

Ељиф Елмас доби шанса во завршницата од мечот против Торино и го запиша 136. настап во дресот на Наполи.

23-годишникот го престигна Џанфранко Ѕола на вечната листа по бројот на настапи за клубот. Сега тој се израмни со Емануеле Калајо, кого се очекува да го надмине во наредниот период.

Калчолигашот е трет клуб во кариерата на македонскиот репрезентативец. Претходно тој играше за Работнички, од каде направи трансфер во Фенербахче.

Елмас го постигнал својот прв гол на Наполи на трети февруари 2020 година, во победата над Сампдорија од 4-2.