Елмас: Не може да се споредува никој со Горан Пандев, тој е големо име во Македонија!

Ељиф Елмас за италијанските медиуми зборуваше на повеќе теми, а одговори и на прашањето дали тој се смета за наследник на македонската легенда Горан Пандев во националниот дрес.

Скромното момче од Скопје вели дека ниту еден фудбалер не може да се спореди со поранешниот капитен и вели дека Македонија покрај него има и други квалитетни фудбалери.

„Во Интер, Лацио, па дури и во Галатасарај, Горан Пандев беше многу успешен. Тој е големо име во Македонија. По неговото заминување не се гледам себеси како нов лидер на Македонија. Не може да се споредува никој со Пандев. Тој освои сè во фудбалот. Македонија има и други одлични фудбалери, како Барди, Алиоски...“, рече Елмас.

Елмас оваа сезона игра во одлична форма во Наполи, но и покрај тоа не може да ужива во големата минутажа во својот тим. Затоа во последниот период излегоа информации дека целата ситуација би можел да ја искористи Ливерпул, кој наводно пројавил интерес за услугите на македонскиот офанзивец.