ВИДЕО: Елмас и Чурлинов главни ди-џеи – ечи македонска песна во Букурешт! 

Македонската фудбалска селекција уште пред два дена отпатува за Букурешт и ја започна финалната фаза од подготовките за историското деби учество на Европско првенство. 

Како и секогаш, атмосферата во нашиот национален тим е на високо ниво, а какво би било подруго, кога во своите редови има момци на Езџан Алиоски, Ељиф Елмас, Ристовски, Чурлинов...

Токму најмладите Елмас и Чурлинов се главните ди-џеи во хотелот каде е сместена Македонија. Двајцата со голем звучник во рацете ги веселат своите соиграчи, а низ ходниците во хотелот може да се чујат легендарните песни на Гоце Арнаудов, Меморија...

Македонија своето деби на Европското пренство го има за два дена, против Австрија, натпревар кој ќе се игра на „Националната Арена“ во Букурешт, со почеток од 18:00 часот.