Елмас доби шанса и запиша јубилејна „стотка“ во дресот на Наполи

Елмас

Екипата на Наполи дозволи да прими два гола во финишот и испушти сигурна победа на гостувањето кај Сасуоло.

Овој меч имаше посебно значење за македонскиот фудбалер Ељиф Елмас. 22-годишникот влезе во вториот дел и го запиша 100-от настап во дресот на калчолигашот.

Дебито на младиот талент во редовите на „наполитанците“ се случи пред три години. Тогаш се појави на теренот против Сампдорија и ја започна авантурата во Италија.

Елмас започна во школата на Работнички, потоа се пресели во Фенербахче, а од 2018 година стана верен на Наполи.