• Горан Упале

Бобан Николов ќе ја брани честа на Македонија во новата сезона на Лигата на шампионите, затоа што неговиот нов клуб Шериф приреди сензација и обезбеди историско учество во групната фаза од европската лига.
За разлика од најквалитетното натпреварување на УЕФА, во Лигата на Европа ќе имаме тројца претставници. Ељиф Елмас со Наполи и Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб.
Денешната ждрепка за групната фаза од ова натпреварување Наполи и Динамо Загреб ја дочекаа од првиот шешир, но и покрај тоа добија сериозни противници. Италијанците ќе се судрат со поранешниот англиски шампион Лестер Сити, додека ривал од Островот доби и Динамо Загреб, во името на Вест Хем Јунајтед.
- Групите за новата сезона на Лiга Европа:
Група А: Олимпик Лион, Ренџерс, Спарта Прага, Бронди
Група Б: Монако, ПСВ Ајндховен, Реал Сосиедад, Штурм
Група Ц: Наполи, Лестер, Спартак Москва, Легија Варшава
Група Д: Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахче, Антверпен
Група Е: Лацио, Локомотива Москва, Олимпик Марсеј, Галатасарај
Група Ф: Брага, Црвена Звезда, Лудогорец, Мидтјиланд
Група Г: Баер Леверкузен, Селтик, Реал Бетис, Ференцварош
Група Х: Динамо Загреб, Генк, Вест Хем, Рапид Виена
Титулата минатата сезона ја освои Виљареал, со победата по изведување на пенали против Манчестер Јунајтед.