ВИДЕО: Екс-фудбалер на Партизан ја нокаутира Ц. Звезда во Алмати!

Екипата на Црвена Звезда загуби од Каират Алмати (1-2) и со гол негатива се враќа од гостувањето во Казахстан во рамки на второто квалификациско коло од фудбалската Лига на шампиони.

Белграѓани дожвеаја нокаут со еден гол кој падна на десет минути пред крајот, а беше дело на поранешниот играч на Партизан, Маки Бањак, кој реализира во 80. минута. Погодокот падна по една заспана реакција на одбраната.

Што се однесува до останатиот дел од натпреварот, Каират играше доста добро во првото полувреме и имаше предност благодарение на голот на Канте во 24. минута, додека српскиот шампион изедначи во 57. минута кога Микановиќ си постигна автогол.

Реваншот на стадионот „Рајко Митиќ“ е следната седмица, а Црвена Звезда иако има гол негатива, важи за благ фаворит за пласман во следната фаза.