Екс-фудбалер на Ливерпул го исмеа Роналдо кој ја пофали саудиската лига 

Кристијано Роналдо вечерва беше претставен како нов играч на Ал Наср од Саудиска Арабија. Тој потпиша договор на две и пол години, а неговата годишна плата ќе биде околу 200 милиони евра, но во оваа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот. 

Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо ќе заработи половина милијарда евра додека трае договорот. Роналдо се опиша себеси како уникатен играч, кој доби уникатен договор и додаде дека сака да собори некои рекорди во новата лига.

„Ова не е крај на мојата кариера. Саудиската лига е многу конкурентна“, рече Португалецот. 

На оваа изјава која што беше објавена од страна на Фабрицио Романо, со потсмев коментираше поранешниот играч на Ливерпул, Хозе Енрике.

„Тој никогаш во животот не гледал ниту еден натпревар од саудиската лига“.

Хозе Енрике пред пет години ја заврши кариерата, а играше за Леванте, Валенсија, Селта, Виљареал, Њукасл, Ливерпул и Реал Сарагоза.