Џејми Варди одново е опција за Манчестер Јунајтед

Варди

Очајниот почеток на новата сезона го тера Манчестер Јунајтед да размислува за нови промени, пред крајот на преодниот рок.

Џејми Варди во текот на ова лето се поврзуваше со преселба на „Олд Трафорд“. Шпекулациите на момент стивнаа, но повторно се актуелни, по двата порази на тимот предводен од Ерик тен Хаг во Премиер лигата.

35-годишникот е дел од Лестер Сити веќе десет години. Според пишувањата на англиските медиуми, сега има можност да го облече дресот на гигантот од Манчестер, кој цели кон неколку трансфери за да го засили ростерот.

„Лисиците“ пред шест години не го продадоа Варди, кој беше мета на Арсенал. Останува да видиме дали ветеранот и поранешниот англиски репрезентативец ќе се одлучи за промена во овој дел од кариерата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.