ФОТО: Џани прави лудости и во Романија – ѝ „украде“ возило на полицијата!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски продолжува да прави лудости и во дресот на репрезентацијата. Во Лидс Јунајтед сите го сакаат поради неговите чести шеги, па сега ја „крева“ и атмосферата пред Европското првенство (ЕП) со лудории.

Пред тренингот на Македонија, Алиоски реши да им го „украде“ возилото на романските полицајци. Крилниот играч влезе и најави дека ќе го стартува возилото, а тоа го улови фоторепортерот.

Секако дека вакви шеги се потребни пред деби-настапот на големата сцена, каде Македонија е дебитант и го чека првиот натпревар против Романија. Ангеловски веќе ги подготвува фудбалерите за првиот предизвик, кој на програмата е за два дена, а атмосферата меѓу тимот е на највисокото можно ниво.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија