ВИДЕО: Два гола на Сака, Арсенал му одржа лекција на „нокаутираниот“ Кристал Палас

По европската елиминација во четвртокот, Арсенал им се врати на победите и побегна осум бода пред Манчестер Сити, со два натревари повеќе од актуелниот шампион. Лондонското дерби меѓу Арсенал и Кристал Палас беше рамноправно само во првите дваесет минути, кога Заха, со удар во стативата им се закани на „топциите“. Потоа момците на Артета се разиграа, постигнаа по два гола во двете полувремиња и славеа со 4-1 (2-0). 

  • Извештај од натпреварот: 

Прво со мајсторија погоди Мартинели, а до одморот се запиша меѓу стрелците и Сака. Во вториот дел гостите се отворија, имаа серија на шанси преку Заха и Шлоп, но пак на гол се радуваа домаќините. Од отпадок швајцарскиот репрезентативец Џака зголеми на 3-0, а потоа по корнер од левата страна, Џефри Шлуп намали на 3-1. Најдобриот поединец на натпреварот, Бакајо Сака, со својот втор гол ги постави конечните 4-1 во 74. минута.

Екипата на Артета ги доби скоро сите лондонски пресметки оваа сезона, а Кристал Палас останува без победа и на дванаесет натпревари по ред. Овој натпревар беше единствен во текот на денот во Премиер лигата, заради четвртфиналните натпревари од ФА Купот. 

Состави

Микел Артета

4-3-3

    Рој Хоџсон

    4-3-3