• Иван Димовски

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се наоѓа во Саудиска Арабија каде што ќе се бори за трофејот во Суперкупот на Шпанија.
„Кралевите“ престојуваат во Ријад, ги очекува натпревар во финалето против Барселона, а тимот доби позитивно изненадување. На еден тренинг присуствуваше Кристијано Роналдо, ги посети дел од своите поранешни соиграчи. Карло Анчелоти сподели фотографија со португалскиот ас и порака.
Италијанскиот стручњак напиша: „Еден од нас. Благодарам за посетата, Кристијано“.