Добре Димовски нов тренер на новоформираниот женски клуб од Охрид

Женскиот клупски фудбал во нашата земја доби големо освежување. Имено, новоформираниот Женски клуб во Интернационал од Охрид од следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига.

Клупската управа постигна договор со Добре Димовски, кој ќе ја води екипата кон сонот наречен Прва лига. Интернационал во името на Димовски добива искусен стратег, кој ќе има задача да ги постави темелите на екипата. Димовски на преку сто натпревари беше селектор на репрезентацијата и најзаслужен за развојот и популаризацијата на женскиот фудбал во Македонија.

Управата активно бара засилувања како би составила компетитивен тим за сезоната 2021/22.