ВИДЕО: Диого Коста фати два пенали по ред, на Бриж му се стемни со Порто

Екипата на Клуб Бриж беше изненадување во Лигата на шампионите, без пораз и без примен гол, но белгискиот првак го снајде катастрофа во дуелот со Порто (0-4) во рамки на петтото коло од елитата.

  • Извештај од натпреварот:

Португалскиот клуб така остана во пол-позиција за следна рунда во Лигата на шампионите. Белгискиот претставник имаше добар натпревар, ама од 50. минута, па натаму, имаше моменти за заборав.

Порто на полувремето имаше предност од еден гол, благодарение на погодокот на Тареми во 33. минута. На стартот на вториот дел Бриж доби два пенали во низа, ама не ги реализира благодарение на голманот Диого Коста. Во 51. минута тој го одбрани шутот на Ванакен, ама судиите решија пеналот пак да се изведе, ама и тој заврши во рацете на чуварот на мрежата, а овој пат шутираше Ланг.

Оттогаш, Бриж како да доби демотивирачка инјекција. Ужасна игра прикажаа фудбалерите на белгискиот тим, па за тоа добија уште три гола во мрежата. Во 57. и 60. минута Еванилсон и Еустакио зголемија на 0-3, а конечниот епилог го постави Тареми во 70. минута.

Клуб Бриж во последната рунда гостува кај Баер Леверкузен, додека Порто го чека домашен дуел со Атлетико Мадрид. Белгијците имаат 10 бода и веќе се во следната фаза. За второто место во групата Б кое води понатаму главниот збор го има Порто (9 бода), но ако Атлетико го добие Баер Леверкузен, тогаш шпанскиот тим со победа во директниот дуел во последното коло ќе може да ги мине „змејовите“.

Состави

Carl Hoefkens

4-3-3

    Sergio Conceicao

    4-4-2