Динамо Загреб се ослободи од двајца фудбалери, но ќе заработи од нивните идни трансфери

Во ситуација кога Динамо Загреб се подготвува да го затвори вториот тим, продолжуваат заминувањата на оние кои не конкурираат за првиот тим.

Невен Ѓурашек и Дамјан Даничиќ си заминаа од „Максимир“ без обештетување, но Динамо затоа ќе заработи во евентуалната понатамошна продажба во своите нови клубови. Имено, стана вообичаено Динамо да ги штити играчите кои немаат статус, а заминуваат без обештетување, со клаузули за заработка преку идни трансфери.

Ѓурашек се пресели во украински Шахтјор, чиј тренер е Игор Јовиќевиќ. Динамо ќе заработи 25% во случај на понатамошна продажба, исто како и со евентуалната продажба на Даничиќ од азербејџански Сумгајит. 

Динамо Загреб е следниот противник на македонскиот шампион Шкупи во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.