• Сашо Поповски

Репрезентативниот голман на Хрватска, Доминик Ливаковиќ, не се најде на списокот на Динамо Загреб за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите.
Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски се дел од колективот кој ќе конкурира за дуелот против Валур од Исланд во првото претколо.
- Голмани: Загорац, Невистиќ, Кавлина;
- Одбрана: Стојановиќ, Ристовски, Сутало, Периќ, Теофил-Кетрин, Лауритсен, Мубанде, Штефуљ;
- Среден ред: Адеми, Јакиќ, Фрањиќ, Мајер, Иванушец, Гојак, Мишиќ, Толиќ, Јанковиќ, Јуларџија, Кризманиќ, Чараниќ, Васиj, Батурина;
- Напад: Петковиќ, Гаврановиќ, Куленовиќ, Шоп, Кастрати, Чуже, Шпикиќ, Менало, Оршиќ.
Првиот натпревар ќе се одигра на „Максимир“ на 7 јули во 19:00 часот.