ВИДЕО: Динамо го истури бесот врз Славен, Адеми доби слободен викенд

Aко не беше ремито против Шкупи во вторникот во квалификациите на Лигата на шампионите, стартот на сезоната за загрепски Динамо ќе беше перфектен.

„Модрите“ го освоија Суперкупот на Хрватска, а потоа славеа на двата натпревари од шампионатот. По славјето во градскиот дуел против Локомотива со 3-2, екипата на Анте Чачиќ вчерва го декласира Славен Белупо со 1-5.

Уште во втората минута Марина изненадувачки поведе за екипата од Копривница и Славен Белупо поведе за 1-0. Следеше брза реакција на Динамо и голови на Батурина, Оршиќ и Дрмиќ за 1-3 на полувреме. Мишиќ и Шпикиќ погодија во вториот дел за конечни 1-5.

Адеми доби слободен викенд, а Стефан Ристовски ги одигра сите деведесет минути за првакот на Хрватска. 

  • Извештај од натпреварот: 

Полни со енергија и ентузијазам фудбалерите на Динамо в понеделник доаѓаат во Скопје, а вторник од 21:00 часот на Арената „Тодор Проески“ го играат натпреварот против Шкупи, кој ќе го даде патникот во третото коло од квалификациите на Лигата на шампионите.