ВИДЕО: Динамо ги слави Адеми и Ристовски, пресврт-победа над Хајдук!

Екипата на Динамо Загреб покажа зошто е шампион на Хрватска и пак се извлече од бездна кога прва прими гол. „Модрите“ дома го победија Хајдук Сплит (4-1) во меч во кој важна улога имаа двајца македонски репрезентативци.

Јани Атанасов имаше феноменално прво полувреме и даде ефектен гол од 30 метри за предност на „билите“ на паузата (0-1), но во второто полувреме на спротивната страна блескаше Аријан Адеми.

Откако во 61. минута Батурина изедначи на 1-1, македонскиот играч за врска стапи на сцена и со нов гол во дресот на Динамо во 64. минута по асистенција на Спикиќ направи целосен пресврт. Триумфот на Динамо го потврди Стефан Ристовски со асистенција до Гојак во 84. минута за 3-1, а потоа стрелаше и Оршиќ за 4-1.

Динамо по пет одиграни кола има четири победи и едно реми и е лидер на табелата. Хајдук е втор и првпат загуби оваа сезона.

Состави

Анте Чачиќ

3-5-2

    Valdas Dambrauskas

    5-3-2