ВИДЕО: „Дијамантот“ не го спаси Наполи, Спартак лидер во лудата група

Екипата на Спартак Москва е нов лидер во групата во Лигата на Европа во која се Наполи и Ељиф Елмас. Италијанскиот тим загуби на гостински терен во Русија (1-2) и така во последната рунда ќе следи расплетот околу тоа кои два тима патуваат во следната фаза на Лига Европа, а кој како третопласиран во Конференциската лига.

  • Извештај од натпреварот:

Спартак со трите бода на домашен терен приреди вистински хаос во групата. Рускиот тим и Наполи имаат по седум бода, следат Легија со шест и Лестер Сити со пет, но овие два тима имаат и меѓусебен меч кој го играат во четврток.

Рускиот тим подобро се снајде на снегот и ги освои трите бода. Човекот кој го понесе епитетот играч на натпреварот е Александар Соболев. Напаѓачот на московјани стрелаше двапати во мрежата на Мерет, првиот гол го постигна во третата, а вториот во 28. минута.

Единствен стрелец за Наполи беше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас. Играчот од средниот ред се запиша во листата на голгетери во 64. минута кога Петања испрати одличен центаршут, а тој се најде на вистинското место и со глава со помош на земјата на смести топката во мрежа.

Во последното коло Елмас и Наполи се домаќини на Лестер Сити (9 декември).

Состави

Guillermo Abascal Perez

4-3-3

    Руди Гарсија

    4-2-3-1