Дибала наскоро одлучува каде ќе ја продолжи кариерата

Дибала

Пауло Дибала и неговата иднина во Јувентус е прашање кое ќе се одлучува во наредните неколку недели.

Италијанскиот тим наскоро очекува да седне на маса со агентот на Аргентинецот. Офанзивниот фудбалер се поврзува со преселба во Барселона, а на неговото место во Торино би пристигнал Антоан Гризман.

27-годишникот се надева дека ќе остане во редовите на „старата дама“. Доаѓањето на Масимилиано Алегри сигурно ќе го промени неговиот статус во екипата. Тој фактор би можел да одигра значајна улога околу одлуката каде да ја продолжи кариерата.

Дибала е дел од Јуве цели шест години. Пристигна од Палермо, а кариерата ја започна во Институто.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.