Ди Марија: Се извинувам за реакцијата, јас сум виновен за поразот...

Анхел Ди Марија направи глупост и го остави Јувентус на цедило на гостувањето во Монца, а тоа резултираше со пораз на „старата дама“. По натпреварот, преку социјалните мрежи аргентинскиот фудбалер се обрати на фановите, се извини и ја прифати вината за овој неуспех.

„Сакам да им се извинам на сите за мојата несоодветна реакција на теренот со Монца. Го оставив тимот на цедило, со човек помалку во незгоден момент на шампионатот и тоа не чинеше пораз. Го прифаќам овој загубен натпревар како мој.

Професионалец сум, меѓутоа исто така и човек кој греши, а знам кога треба да си ги признаам грешките“, напиша Аргентинецот.

Јувентус котира лошо од стартот на сезоната, иако ова му беше прв пораз во Серија А, претходно имаше само две победи и четири реми исходи.