Ди Марија доби казна за глупоста против Монца, пропушта едно дерби

Анхел Ди Марија направи глупост во пресметката со Монца и го остави Јувентус на цедило уште во првото полувреме. „Старата дама“ не издржа со десетмина и го загуби натпреварот против домаќинот (1-0). 

Бидејќи заработи директен црвен картон, јасно беше дека Аргентинецот ќе добие барем еден натпревар суспензија без можност за укинување. Сепак, дисциплинската комисија на Серија А му врачи суспензија од две рунди на Ди Марија. 

Тоа значи дека ѕвездата на Јувентус нема да може да игра против Болоња и Милан. Ова е нов удар за Масимилијано Алегри кој и онака се мачи со повреди и отсуства. Неиграњето на Ди Марија особено против шампионот Милан ќе биде огромен хендикеп, кој Јуве ќе мора да го надомести.