Дерби во „Цвајте“: Четата на Валтер е во криза, Вердер влезе во форма

Како игра на стартот на оваа сезона, изгледа дека Хамбургер ќе пропушти уште една шанса да се врати во Бундеслигата. Откако во првото коло го доби дербито против Шалке, четата на Тим Валтер падна во голема криза и на целиот плен чекаше сè до минатиот викенд кога со доза на многу среќа, со гол во шестата минута од судиското надополнување, успеа да го скрши отпорот на Сандхаузен – 2-1.

Пред еден од најпопуларните германски клубови сега е ново дерби, против Вердер, кој за разлика од ХСВ ја крева формата. На последните три меча момците од Везер освоија седум бодови и успеаја да ја сочуваат мрежата.

Навивачите на овој тим посебно ги радува фактот што управата во целост ги погоди засилувањата во финишот на преодниот рок. Пристигна Мичел Вајзер, некогаш еден од најталентираните германски офанзивни бекови и дебитираше со гол против Инголштад, исто така тука е искусниот напаѓач Марвин Дукш – три гола на првите две средби.

Тимот од Бремен игра слабо на домашен терен на стартот од првенството и тоа би можела да биде шанса за Хамбургер. Иако, ако судиме по традицијата, победата на гостите во овие пресметки e ретка појава. Во последните седум години тимовите се сретнаа девет пати, а само еднаш победи екипата која играше надвор од својот стадион.

На последните две пресметки на Вердер и Ха,мбургер падна само еден гол. Головите, значи, најпаметно е да се избегнат. Комбинацијата 1X&2-3 се исплати доста добро – 3,00.