Дејан Станковиќ кандидат да ја спасува Сампдорија

Екипата на Сампдорија минува тешки моменти и се наоѓа на дното во Серија А, така што ја чека голема борба за опстанок во елитата. Во моментов се бара и нов тренер...

Марко Џампаоли е минато за тимот од Џенова по поразот од Монца (0-3) во претходната рунда од калчото. Управата му врачи отказ и разгледува кого да го ангажира во периодот кој следи.

Едно од имињата кое се споменува како можен кандидат да ја спасува Сампдорија е српската фудбалска легенда Дејан Станковиќ. Поранешниот фудбалер со искуство во Серија А во моментов е без ангажман, по разделбата со Црвена Звезда.

Станковиќ претходно работеше во калчото како тренер, беше дел од Удинезе.