Дејан Цветаноски новитет во нападот на Вардар

Цветановски

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го доби првото засилување за пролетниот дел од сезоната и потпиша со искусниот напаѓач Дејан Цветаноски.

32-годишниот центарфор доаѓа меѓу „црвено-црните“ како слободен за да ја пополни дупката која настана по заминувањето на Симе Христов, Никола Величковски и Кире Маркоски од редовите на второпласираниот тим во ВМФЛ.

Последен клуб на Дејан Цветаноски беше кратовски Силекс, а претходно тој настапуваше и за Ренова, Струга, Победа, Пелистер, Младост Царев Двор, Тетекс, Хоризонт Турново и Напредок од Кичево.

Искусниот фудбалер веќе е на тренинзите на Вардар и работи со тимот на Бобан Грнчаров.