• Горан Упале

Екипата на Ал Наср го совлада Ал Етифак со 1-0 во натпреварот од 14. коло од лигата на Саудиска Арабија. Овој натпревар беше посебен за еден од најдобрите клубови во саудиската лига, бидејќи на истиот свое деби имаше Кристијано Роналдо, и тоа со капитенската лента на раката.
Португалскиот ас ја одлежа суспензијата која што му ја изрече ФА и конечно дебитираше за новиот клуб, но без погодок. Човек на одлука на натпреварот беше поранешниот напаѓач на Бенфика и Бешикташ, Бразилецот Андерсон Талиска, кој погоди во 31. минута.
Со оваа победа Ал Наср го престигна најголемиот ривал Ал Хилал на врвот на табелата и сега има бод повеќе и натпревар помалку.
Роналдо во Ал Наср се пресели на почетокот на годината, откако претходно го раскина договорот со Манчестер Јунјатед. Со клубот од Саудиска Арабија потпиша договор на две и пол години со годишна заработка од 200 милиони евра.