Де Лаурентис: Нема повеќе место за Африканци во Наполи, ние сме идиоти...

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис повеќе не планира да ангажира фудбалери од Африка.

Де Лаурентис, познат по своето специфично однесување, сега отиде чекор подалеку и изјави дека нема намера повеќе да доведува африкански фудбалери, освен ако не потпишат договор со клубот и не се обврзат да не играат на Африканскиот Куп на нации.

„Им реков - момци, немојте повеќе да ми зборувате за африканскит фудбалери. Ги сакам, но ќе треба да потпишат документ според кој ќе се откажат од учеството на Африканскиот Куп, ако сакаат да играат за Наполи. Ние сме идиоти кои плаќаме плата само за да ги пратиме низ целиот свет да играат за други“, изјави Де Лаурентис.

Потоа првиот човек на италијанскиот гигант откри дека одбил да го продаде клубот, иако имал понуда.

„Американските инвеститори беа подготвени да платат 900 милиони долари за да го купат Наполи, но јас ги одбив. Последниве години инвестициските фондови станаа модерни, а на инвеститорите треба да им гарантираат одреден профит за пет години. Фудбалот го гледаат како одлична можност да ги удвојат вложените пари, продавајќи ги на инвестициски фондови. Тоа го прават Милан и Интер, нели?  Сепак, не разбираат дека сум претприемач кој ужива да ја игра играта. Дозволете ми да играм“, додаде Лаурентис.

Изјавата на Де Лаурентис за африканските фудбалери крена многу прашина на стариот континент и некои веќе ја оценија како расистичка.