• Иван Димовски

По комплетирањето на квалификациите за Европското првенство идната година, на 30 ноември ќе се одржи жрепката за групната фаза од натпреварувањето. Поради фактот што ќе се игра во 12 различни земји и пожелно е секој од домаќините да одиграат по некој меч пред своја публика костурот на групите е веќе познат.
- Опции за групите за ЕУРО 2020
Реакциите поради предвеменото одредување на дел од групите не стивнуваат. Репрезентацијата на Белгија вчера убедливо славеше над Кипар, со што ја заврши групата со максимален број на бодови и најдобра гол разлика на квалификациите.
По натпреварот на прес конференцијата зборуваше играчот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне. Тој изјави дека жрепката е срамна и дека бизнисот се повеќе влијае во фудбалот.
„Жрепката за ЕУРО? Па, тоа е срамота. За мене ова е нешто како лажно првенство. Фудбалот се повеќе преоѓа во бизнис", револтиран беше Де Брујне.
Фактот што тој е разочаран од претстојното првенство е тоа што Белгија веќе знае два од можните три противници. Поради тоа што членовите на првиот шешир веќе знаат во која група припаѓаат, Белгија се најде во групата Б, која се игра во Копенхаген и Санкт Петерсбург. Тоа значи дека Русија и Данска ќе бидат противници на Белгијците. Единствена енигма е дали во оваа група ќе се приклучи Велс или Финска.
Русија и Данска се репрезентации од вториот односно третиот шешир, а тоа значи дека мора да им се приклучи земја од најквалитетниот. Англија, Германија и Шпанија не би можеле бидејќи и тие се домаќини, а Украина поради политички проблеми е исклучена како опција.