• Мартин Танасковски

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжи да се засилува и донесе второ име во нападот.
23-годишното лево крило Дарко Размоски е нов член на „црвено-црните“. Играчот доаѓа во клубот по разделбата со ГФК Охрид и ќе биде освежување во нападот каде се загубија неколку играчи во овој преоден рок.
Размоски досега покрај за ГФК Охрид играше и за Воска Спорт, Пелистер, Беласица, Брегалница и Академија Пандев. Тој е второ засилување за Вардар, по Дејан Цветаноски кој исто така го засили нападот.