Данска нема лесно да одолее на „ѓаволскиот“ напад на Белгија

Борба за првата позиција во групата 2 во Лига А во Лигата на нации. Белгија в среда од 20:45 ќе ја угости Данска со намера да ѝ нанесе уште еден пораз, затоа што пред нешто повеќе од два месеци ја совлада на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Реми исто така би им било доволно на „црвените ѓаволи“ да го осигураат првото место во групата.

Белгија врза победи против Исланд, односно над Швајцарија во пријателски натпревар и пред неколку дена славеше над Англија со 2-0. Сега ѝ претстои мечот со Данците пред кој имаат статус на изразит фаворит, иако Роберто Мартинез повторно нема да може да смета на Еден Азар, кој доби уште еден позитивен тест на ковид-19. Среќата на некогашниот тренер на Евертон ја расипуваат и суспензиите на Аксел Витсел и Томас Муние. Денис Прат сигурно ќе биде алтернатива за еден од споменатите двајца.

>>> Сите квоти на мечот Белгија - Данска во MOZZART

Кога се говори за Данска, по воведниот пораз и реми, избраниците на Каспер Хјулманд врзаа три победи – четврта во низа им гарантира прво место во групата 2. Интересен детаљ е тоа што и покрај победите над Исланд и Англија, Данците немаат постигнато гол од игра. Кристијан Ериксен со два гола од белата точка го сруши Исланд, истиот играч му пресуди и на „Гордиот Албион“, исто така од пенал. Единствениот пораз во ова издание од Лигата на нациите, Данска го претрпе токму од Белгија и ќе бара одмазда, но одбраната на тимот ја чека пеколно тешка задача против Лукаку, Мертенс и Де Брујне.