Данска е првиот предизвик на моќната Белгија во ЛН

Третопласираната репрезентација од Мундијалот во Русија 2018 година – Белгија – е во најтесен круг на фаворити во второто издание на Лигата на нациите. „Црвените ѓаволи“ го започнуваат натпреварувањето со гостување во сабота (20.45) против Данска на стадионот „Паркен“ во Копенхаген во првиот меч од Групата 2 од најјаката А дивизија под покритие на УЕФА. 
Селекторот Роберт Мартинез не експериментираше многу. Носители на играта остануваат Кевин Де Брујне, Еден Азар, Ромелу Лукаку и голманот Тибо Куртоа. Не се повикани напаѓачите Мишу Батшуаји и Кристијан Бентеке поради слабите сезони во клубовите, додека искусниот стопер Томас Вермален го нема во тимот бидејќи игра во Јапонија. Мартинез процени дека далечен пат ќе го измори ветеранот, па е надвор од овој собир на националниот тим. За мечот со Данците неизвесен е Кевин Де Брујне. Нему му следуваат денови на поштеда од селекторот бидејќи доби и трето дете. Сепак, и без одличниот играч за врска на Манчестер Сити, Белгијците се фаворити на стартот од Лигата на нациите. 

<<< Сите квоти за натпреварот Данска - Белгија

Данците се години не се во европскиот врв, но во последно време постојат подoбрувања. Изборија учество на Европското првенство кое не се одигра оваа година поради пандемијата со коронавирусот. Предводник на скандинавската селекција е играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен, а тој баш и не може да се пофали со добра полусезона во миланскиот тим по доаѓањето на почетокот од годината од Тотенхем. Селекторот, Каспер Хјулманда, сигурно го радуваат одличните игри на напаѓачот на Ница Каспер Долберг на стартот од францускиот шампионат. 
Белгија е во серија од 10 победи. Последен пат избраниците на селекторот Роберт Мартинез се поразени во ноември 2018 година во Лигата на нациите од Швајцарија (2:5). За тие 10 мечеви мрежата на Тибо Куртоа се затресе само три пати. И Данска е во одлична серија, без пораз е на 15 средби. Овие две селекции не се сретнале полни две децении. Последен пат ги одмериле силите во јуни 2000. година во пријателски меч кога немаше победник (2:2). Квалитетот е на страната на гостите, па на Азар, Лукаку и колегите им даваме предност во престолнината на Данска.