Далиќ: Бронзата е успех за целиот регион, покажавме дека и „малите“ можат да бидат „големи“

Фудбалската репрезентација на Хрватска успеа втор Мундијал во низа да дојде до полуфиналето. Сепак, за разлика од тој во Русија, сега на патот им застана Аргентина и „коцкестите“ беа елиминирани, па против Мароко го освоија третото место.

На околу две седмици по крајот на турнирот во Катар, своите импресии ги сподели селекторот Златко Далиќ. Тој нагласи дека успехот не е само на Хрватите, туку и на целиот регион, бидејќи тие докажале дека и „малите“ можат да бидат „големи“. 

„Ова е голема работа за Хрватска, меѓутоа и за целиот регион. Една репрезентација направи така големи резултати, тоа е пример дека и малите можат да бидат големи, може да се борат за трофеи и да освојуваат медали, нека оваа приказна биде патоказ за сите. Ако споредиме со Русијам, имавме репрезентација која десет години беше и играше заедно, ама не направи голем резултат, па сè тоа експлодираше во 2018 година. Овојпат дојдовме со 18 нови играчи, но главната улога ја имаа истите кои беа во Русија. Без постарите и искусни играчи, ниту младите не би можеле да напредуваат. Оваа репрезентација ја составивме јас и мојот тим, се припремавме и работевме, а таа од Русија беше веќе оформена од моите претходници“, рече Далиќ.

За Хрватска ова беше втор бронзен медал на Светските првенства, по тој во 1998 година, додека во 2018 во Русија беа сребрени.