Дали Пеп конечно склопи тим за со Манчестер Сити да ја покори Европа?

Манчестер Сити со години инвестира големи пари, но никако да го грабне трофејот во Лигата на шампионите. Предводени од Пеп Гвардиола, „граѓаните“ од Островот и оваа сезона имаа големи апетити, но шокантно испаднаа од Реал Мадрид.

Веднаш по елиминацијата од Лигата на шампионите, следеше трансфер-бомба. Сити го официјализира потписот на Ерлинг Халанд и го доби еден од најубиствените напаѓачи на централната позиција. Со ангажманот на Халанд, Пеп доби тим со најмалку двајца играчи на секоја позиција.

И тоа не било какви, туку супер-ѕвезди. Манчестер Сити делува страшно, барем на хартија.

Дали е ова тимот на Пеп Гвардиола кој конечно ќе ја покори Европа и ќе ја донесе титулата од Лигата на шампионите првпат на „сината“ страна на Манчестер?