ВИДЕО: ЦСКА ја налути Рома и прими пет гола, Партизан тргна со победа на Кипар

Рома

ЦСКА Софија прва постигна гол на гостувањето кај Рома, но си замина дома со празни раце и висок пораз од тимот на Жозе Мурињо (5-1).

  • Рома - ЦСКА Софија 5-1:

Грем Кери донесе шок за римјаните на „Олимпико“, но тоа како да ја налути домашната екипа. До паузата веќе имаше пресврт на семафорот. Лоренцо Пелегрини израмни, а Стефан Ел Шарави ја продолжи голгетерската серија и обезбеди прва предност за „волчицата“ на оваа средба. До крајот играше само една екипа. Калчолигашот ја потврди фаворитската улога со уште три гола во мрежата на бугарскиот претставник.

Успешно гостување имаше Партизан кој со два гола славеше над Анортозис (0-2). Српскиот гигант тргна со победа, која ја обезбедија Квинси Мениг и Рикардо Гомес.

Интересен меч одиграа Рандерс и АЗ Алкмаар (2-2), Бодо/Глимт беше сигурен на домашен терен против Зорја (3-1), Јаблонец славеше минимално над Клуж (1-0).