Црвена Звезда по заверка на плеј-офот во ЛШ против Пјуник на Радески

Главата е во Ереван, мислите се веќе одамна во Хаифа. Реванш-дуелот од третото коло за Лигата на шампионите против Пјуник за тимот на Дејан Станковиќ ќе биде подготвителен меч за извесното гостување кај Макаби следната седмица. Црвено-белите со супериорна игра во Белград го отпишаа ерменскиот првак (5-0), но далеку од тоа дека во земјата на најдобриот коњак одат рекреативно. На дуелот во Белград како резервист на теренот истрча Марјан Радески во тимот на Пјуник, ама не успеа да помогне да се избегне дебакл.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Пјуник и Црвена Звезда

Пресметката во Ереван ќе биде идеална прилика за Станковиќ да проба тактички варијанти и да го заокружи перфектниот старт на сезоната во кој има пет победи и гол-разлика 22-1. Се посакува двојна победа, која Звезда ја нема уште од 2018 година кога генерацијата на Владан Милоевиќ ја мина литванска Судува (2-0, 3-0). Јасно е дека за српскиот првак нема да игра Милан Родиќ кој поцрвене, а негова замена ќе биде Марко Гобељиќ. Во Ереван не отпатува ниту засилувањето во нападот Александар Пешиќ поради повреда.

Пјуник повремено се закануваше на „Рајко Митиќ“, но се виде дека тој тим не може да ја загрози Црвена Звезда. Ерменците играат дома и имаат мотиви, сакаат достојно да се простат од ЛШ во која оставија добар впечаток, со елиминации на Клуж и Диделанж.Црвена Звезда на последните пет европски гостувања има две победи, исто толку ремија и пораз на „Ајброкс Парк“ од Глазгов Ренџерс. Тоа е доказ на сериозна европска стабилност.

Квоти за останатите натпревари во Лигата на шампионите

Тешко е да се очекува дека Црвена Звезда ќе ја повтори европската партија, но двојката е прв избор. Посебно што Пјуник ќе се фокусира на следниот домашен меч против Ширак. Очекуваме тврд меч со 2-3 гола.