ВИДЕО: Црвена Звезда го „прегази“ Пјуник, Радески доби шанса во вториот дел

Црвена Звезда

Црвена Звезда застана на чекор од пласман во плеј-офот за место во Лигата на шампионите, со денешната убедлива победа на првиот натпревар против Пјуник (5-0).

Актуелниот српски шампион се чини си ја заврши работата пред реваншот наредната недела. Домашниот терен го искористи за максимално да го казни противникот и да патува Ерменија со мирна глава.

  • Извештај од натпреварот: 

Одличната соло-акција на Осман Букари беше најава за дебаклот на гостите. Интернационалецот од Гана истрча пеколна контра, го издрибла и голманот и погоди за почетна предност на „црвено-белите“. Од тој момент Пјуник се загуби и дозволи мечот целосно да му припадне на домаќинот.

Пред паузата погоди Кангва, Букари запиша хет-трик до крајот на мечот, а на голеадата се надоврза и Митровиќ. Шанса во вториот дел за ерменскиот тим доби и македонскиот фудбалер Марјан Радески.

Српскиот претставник ќе има лесна задача на реваншот и се очекува да нема проблеми на патот до следната фаза од квалификациите за елитното натпреварување.