Четврти триумф по ред: Тиквеш со пресврт го доби Пелистер (ВИДЕО)

Екипата на Тиквеш ја продолжи добрата серија на контролните натпревари и ја запиша четвртата победа во низа, по оние со Детонит Плачковица, Кожуф и косовски Феризај.

Кавадарчани предводени од тренерот Ѓорѓи Мојсов го совладаа битолски Пелистер со резултат 2-1, откако имаа негатива на паузата.

„Зелените“ дојдоа до предност во 16. минута кога добија најстрога казна, а ја реализира новајлијата Бојан Спиркоски. Тоа беше резултат и на полувремето (0-1), а во вториот дел за Тиквеш погодија Чубара и Темелков во 53. и 79. минута.

Тиквеш во ПМФЛ сака изненадување и пласман во еврокуповите затоа што се наоѓа на четвртото место, додека Пелистер лови промоција во ВМФЛ.