Четворица фудбалери ја бранат македонската чест во Лига Европа

Четворица македонски фудбалери и нивните тимови ќе бидат дел од ждрепката за 1/16-финалето во фудбалската Лига Европа, која ќе се одржи во Нион со почеток од 13:00 часот.

Дејан Илиев (Арсенал), Елиф Елмас (Фенербахче), Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон) како индивидуалци ќе ја бранат честа на Македонија во елиминациската фаза на најмасовното натпреварување на УЕФА.

Арсенал и Динамо Загреб ќе бидат на страната на носителите, додека Фенербахче и Спортинг Лисабон се на спротивната страна, во вториот шешир, така што можно е тие да се судрат еден против друг во првата елиминациска фаза во Лига Европа.

Слично како и во ЛШ, во оваа фаза од Лига Европа има протекции, па тимови кои играле во иста група и тимови од иста држава не може да играат меѓу себе во 1/16-финалето.

Во оваа нокаут-фаза доаѓаат и осум тима од Лигата на шампионите, кои групната фаза ја завршија на третата позиција.

ШЕШИРИ ВО ЛИГА ЕВРОПА ПРЕД ЖДРЕПКАТА ЗА 1/16-ФИНАЛЕТО

НОСИТЕЛИ: Баер Леверкузен, Салцбург, Зенит, Динамо Загреб, Арсенал, Бетис, Виљареал, Ајнтрахт Франкфурт, Генк, Севиља, Динамо Киев, Челзи

НЕНОСИТЕЛИ: Цирих, Селтик, Славија Прага, Фенербахче, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Рапид Виена, Лацио, Малме, Краснодар, Рен, БАТЕ Борисов

НОСИТЕЛИ (ЛШ): Наполи, Валенсија, Интер, Бенфика

НЕНОСИТЕЛИ (ЛШ): Плзен, Бриж, Шахтјор, Галатасарај