Четири македонски репрезентативци во нокаут фазата на Лига Европа

По завршувањето на групната фаза на Лига Европа, познати се првите осминафиналисти, а се формираат и квалитативните шешири од првата елиминациона фаза. Победниците на групите директно ќе играат осминафинале, а второпласираните ќе разигруваат против третопласираните екипи кои од Лигата на шампионите ќе се префрлат во Лига Европа.

Осминафиналисти:
Црвена Звезда, Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Галатасарај, Баер Леверкузен, Вест Хем

Второпласирани екипи од групите на Лига Европа:
Глазгов Ренџерс, Реал Сосиедад, Брага, Лацио, Олимпијакос, Наполи, Бетис, Динамо Загреб

Третопласирани екипи од Лигата на шампионите (се префрлаат во Лига Европа):
Барселона, Борусија Дортмунд, Севиља, РБ Лајпциг, Аталанта, Порто, Зенит, Шериф

Третопласирани екипи од Лига Европа (се префрлаат во Конференциска лига):
Спарта Прага, ПСВ Ајндховен, Лестер, Фенербахче, Олимпик Марсеј, Мидтјиланд, Селтик, Рапид Виена

Во оваа фаза ќе играат четири македонски репрезентативци: Николов (Шериф), Адеми и Ристовски (Динамо) и Елмас (Наполи). Можни се и дуели на нивните екипи уште во првата нокаут фаза. 

Ждрепката за првата нокаут фаза на програмата е в понеделник во 12:00 часот во Нион.