Челзи договори мега-засилување од Бундеслигата

Челзи е блиску до потпис со еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата, Кристофер Нкунку од редовите на РБ Лајпциг.

Францускиот фудбалер ги одработил медицинските прегледи во септември. Трансферот се очекува на германскиот тим да му донесе повеќе од шеесет милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Голгетерот, кој поради повреда ќе пропушти Мундијалот во Катар, ќе потпише долгогодишен договор, кој ќе стартува на крајот од тековната сезона.

Нкунку потекнува од школата на Пари сен Жермен. Во РБ Лајпциг игра од пред три години.