Чави: Го добивме најтешкиот ривал во ждрепката

Чави

Барселона ќе се сретне со Манчестер Јунајтед во првата нокаут фаза во Лига Европа. Каталонците не успеаја да ја минат групната фаза во Лигата на шампионите, па сега ќе атакуваат на највисок пласман во второто по ранг натпреварување на стариот континент.

Чави Хернандез, првиот тренер на шпанскиот гигант, очекувано смета дека неговите фудбалери ќе имаат тежок предизвик пред себе.

„Тоа ќе биде голем предизвик за нас. Моите фудбалери сигурно ќе имаат екстра мотивација. Ќе играме против силен тим. Манчестер Јунајтед е клуб со голема историја. Доаѓањето на Тен Хаг донесе промени, тие имаат доста добри индивидуални играчи. Го добивме најтешкиот ривал во ждрепката“, изјави предводникот на Барса.

Осминафиналето во Лигата на Европа ќе се игра на деветти и 16 март, четвртфиналето на 13 и 20 април, полуфиналната фаза е на програмата на 11 и 18 мај.