Бруно меѓу редови му „удри шлаканица“ на Роналдо?: „Конечно изгледаме како тим“

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандез даде интересна изјава по победата од 2-1 против градскиот ривал Сити. По истата многумина се убедени дека зборовите што ги изговори се однесуваат на поранешниот негов соиграч, Кристијано Роналдо.

Роналдо веќе е заборавен на „Олд Трафорд“, а Бруно истакнува дека сега тој и неговиот тим конечно изгледаат како тим.

„Пред натпреварот им кажав на моите соиграчи дека конечно изгледаме како тим. Пред неколку месеци таквата слика беше ретка. Многумина од нас се бараа, но сега го гледате вистинскиот тим“, изјави Бруно по игра.

Очекувано, многумина веднаш помислија дека овие зборови се упатени кон незадоволниот Роналдо, кој во ноември направи неочекувано интервју со Пирс Морган, по кое неговата ера во Јунајтед и официјално беше завршена.

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Пеп Гвардиола

    4-3-3