Брисел е неосвоива тврдина, може ли „Гордиот Албион“ до подвиг?

Отсуството на Еден Азар поради вирусот корона беше сериозен психолошки удар за селекцијата на Роберто Мартинез, но Белгијците имаат голем број на квалитетни играчи кои можат да го заменат капитенот. Во секој случај, „црвените ѓаволи“ ја држат ситуацијата под контрола во нивната група од Лигата на нациите. Имаат два бода повеќе од Англија и Данска и решавачки натпревари против директните ривали за првото место ќе ги играат на свој терен.

Ќе биде многу интересно да се види како ќе реагираат Англичаните во ситуација кога ќе треба да играат на сè или ништо. „Гордиот Албион“ практично мора да слави во Брисел за да дојде до ситуација да се надева дека ќе се пласира во завршницата од Лигата на нации, додека Белгија и во случај на нерешен резултат, во последното коло би имала сè во свои раце против Данска.

>>> Сите квоти на натпреварот Белгија - Англија во MOZZART

Англичаните во оваа група уништија сè на натпреварите со Данска, која во претходното коло ги совлада на „Вембли“ (1-0), додека во Копенхаген дуелот заврши без голови (0:0). Од друга страна, Белгијците по четири одиграни натпревари во групата имаат три победи и пораз токму од „Гордиот Албион“ по пресвртот на Вембли (1-2).

Доколку сакате да се обложувате на овој натпревар, треба да имате предвид дека Белгијците последен пат на домашен терен се поразени од Шпанија во пријателски натпревар на 1 септември 2016 година, додека на натпреварувачки меч последен пат паднаа на далечниот 3 септември 2010 година кога Германија со минимални 0:1 славеше во рамки од квалификациите за Европското првенство во Полска и Украина. Ова јасно покажува дека Англичаните избраа баш многу лош момент да бркаат победа на гости. Во секој случај, треба да очекуваме жестока битка на теренот, за која може да одлучуваат ситни детали и моменталната инспирација на некој од поединците од двете селекции.